Map Graph

Селиште (Оздолени)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Селиште или На Брестон — археолошко наоѓалиште во селото Оздолени во областа Дебрца. Претставува средновековна населба и некропола. Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, меѓуселските патишта Оздолени-Издеглавје и Слатино-Издеглавје. На целиот простор од падината се забележуваат фрагментирана садова керамика и траги од старословенски гробишта.

Read article